Продолжува комисиската расправа за кандидатите за членови на Советот за јавни обвинители

sobranie
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Собранието денеска треба да продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која на дневен ред е утврдувањето на предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Пријавени за членови на Советот на јавните обвинители се Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд Скопје, Кети Петкова адвокат од Гевгелија која претходно работела во Специјалното јавно обвинителство, како и Митко Митревски, генерален секретар на Јавното обвинителство.


На претходното продолжение на седницата на 9 мај беше отворена расправа за првата кандидатка Светлана Жупаноска.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не дава своја поддршка, а пратениците од оваа партија тогаш најавија долги дебати и говори исто како претходно за предлозите за уставни судии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK