Агро-Синдикатот и работниците од Водостопанство во државна сопственост денес излегоа на протест пред Владата поради двете неисплатени плати.
Протестот го поддржа Сојузот на синдикатите од каде што изразија загриженост за состојбата во претпријатието.
„Вработените редовно ги извршуваат своите работни задачи, а за возврат веќе неколку месеци не ја добиваат одработената плата што во овие служени услови за живот предизвикани од инфлацијата. Потребата за обезбедување на нивните семејства со достоен живот предизвикува револт кај работниците во ова претпријатие, а за што како нивни претставници во изминатиот период предупредувавме и укажувавме“, велат од Сојузот.
Се додава дека ако не се исплатат изработените заостанати плати, вработените се подготвени да стапат во штрајк со што ќе биде доведено во прашање водоснабдувањето на посевите, особено ако се знае дека Водостопанство како претпријатие е крвотокот на земјоделието.