Денеска во 11 часот, приватните специјализанти ќе одржат мирен протест пред Министерството за здравство.
Тие преку соопштение упатија неколку барања до министерот за здравство.
„Покачување на месечниот надоместок (кој моментно е 26.000 денари) на ниво на моментна просечна плата во РС Македонија и понатамошно усогласување на нашата плата со просечната плата во државата. Здравствено осигурување да добијат сите приватни специјализанти.
Регулирање на работниот статусот на приватните специјализани (моментно се водиме како невработени лица, со договор на дело, без ниеден ден стаж во тек на 6 години специјализација)“, бара Здружението на лекарите специјализанти.