Притвор за петмина од уапсените во Грчец, 10 се во бегство

Притвор-за-петмина-од-уапсените-во-Грчец-10-се-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за 6 лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во с. Грчец, донесоа решенија со кои: Прифатен е предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и на : ШБ., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека за О.П. го прифати предлотог за определување мерки за претпазливост односно одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, забрана за напуштање живеалиште односно престојувалиште и oбврска за јавување во суд.

Воедно судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за 10 лица кои се опфатени со истрагата, а во моментов не се достапни на органите за прогон и тоа од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK