Прирдувачите на игрите на среќа излегоа на протест: „Над 10.000 луѓе ќе останат без работа“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Зад законските измени се кријат лични интереси, велат приредувачите на игрите на среќа кои денес се собраа на протест пред Собранието.



Тие бараат да просиствуваат на седницата на Комисијата за европски прашања и предупредија дека ќе продолжат со протестите ако не бидат исполнети нивните барања.

„Ова води до целосно згаснување на една легална стопанска гранка и оставање на улица повеќе од 10.000 вработени“, порачаа приредувачите на игрите на среќа.

На протестот присуствуваа Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС).

Повод за собирот е закажаната седница на Комисијата за европски прашања каде на дневен ред е второ читање на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри кој е предложен од Владата, се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа, односно да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK