Во Скопје денеска ќе биде презентиран ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на труд“, реализиран од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, а поддржан од Европската Унија.
Како што информираат од Агенцијата за вработување, проектот се имплементира од септември 2019 година до март 2024 година.
На презентацијата ќе присуствуваат проектниот координатор Наташа Здравковска и тимот за реализација на сите активни мерки и програми кои се спроведуваат во рамките на овој проект преку Агенцијата за вработување, како што се практикантство, работа кај познат работодавач, субвенционирани обуки и други.