Превентивни активности на МВР во Прилеп и Кавадарци

Превентивни-активности-на-МВР-во-Прилеп-и-Кавадарци.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На подрачјата на Прилеп и Кавадарци, вчера беа реализирани превентивни активности во кои што целни групи беа средношколците и повозрасните граѓани, извести МВР.


„Имено, во Прилеп во средното општинско училиште – гимназијата „Мирче Ацев“, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп и од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени едукативно-превентивни работилници на темите „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“, додека пак во Кавадарци, Отсекот за превенција при СВР Велес на повеќе локации во градот организираше средби и разговори со граѓаните околу клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот- пешаците, односно повoзрасните лица“, се наведува во соопштението на МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK