Претседателот Пендаровски го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје

pendarovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Пендаровски денеска го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје, со седиште во општина Чаир, како и Центарот за рехабилитација СОС Вита Медика.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, на средбата со Ертан Шакири, претседателот и основач на „СОС Вита“ – Скопје и со членови на здружението, Пендаровски беше запознат со заложбите и активностите кои ги спроведува ова здружение за унапредување на правата на лицата со попреченост, како и со нивните потреби и предизвици со кои се соочуваат.


-Претседателот беше информиран дека за време на тригодишната работа на СОС Вита – Скопје, здружението им помогнало на лицата со попреченост во набавка на соодветни инвалидски колички, при што досега има обезбедено околу 100 инвалидски колички, а здружението, кое брои над 300 членови од различна верска и национална припадност, активно придонесува и во борбата за слободен пристап, за подобри здравствени услуги и социјален живот на лицата со попреченост, организирајќи голем број на хуманитарни, спортски и културни активности. Македонскиот претседател ги посети и просториите на Центарот за рехабилитација СОС Вита Медика, каде што лица со попреченост добиваат бесплатни услуги за рехабилитација, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Тој, оддавајќи признание за досегашната работа на СОС Вита – Скопје, ја нагласи неговата лична заложба и безрезервна поддршка на иницијативите на здружението. Тој упати порака дека е неопходна целосна посветеност и партнерски однос меѓу вакви здруженија и македонските институции со цел подобрување на состојбата на лицата со попреченост, како и подигнување на свеста за придобивките од интегрирањето на овие лица во секој аспект од животот. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK