Престанете на функционерски места да ставате исфрустрирани шутраци кои немаат никаков интелектуален капацитет-Најчевска за мерцедесот на Џафери

Престанете-на-функционерски-места-да-ставате-исфрустрирани-шутраци-кои-немаат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тоа што Талат Џафери како премиер си дозволува јавно да го прекршува Законот за безбедност во сообраќајот, значи дека зад очите на јавноста прекршува многу посериозни закони со многу сериозни штетни последици за граѓаните, коментира професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи откако во јавноста беа пренесени фотографии од паркираниот службен автомобил на новиот премиер Талат Џафери на плоштад.


Тоа, според Најчевска, го прави Џафери недостоен за вршење на функцијата.

„И дајте бре престанете на функционерски места да ставате исфрустрирани шутраци кои немаат никаков интелектуален капацитет.
Има бре оваа држава подобри од Грујо и Заев и Мицковски и Груби и Османи и Иванов и Маричиќ и…
Срамота е светот да не гледа низ призмата на шлајмот со кој се претставуваме“, потенцира Најчевска во напишаното.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK