Премиерот Ковачевски ќе оствари средба со премиерката Ана Брнабиќ во Владата на Србија

Премиерот-Ковачевски-ќе-оствари-средба-со-премиерката-Ана-Брнабиќ-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ќе оствари средба со претседателката на Владата на Република Србија Ана Брнабиќ, во рамки на учеството на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“.

На средбата ќе присуствуваат и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Потоа, ќе биде потпишан и Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси меѓу Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија.

Дополнително, под покровителство на Владата на Република Северна Македонија и во организација на премиерот Ковачевски, ќе се одржи настан „Македонска вечер“, во рамки на кој ќе има дегустација на македонски вина и храна.

На годинешниот саем се очекува присуство од над 600 изложувачи од бројни винарии, дестилерии, гастрономски компании од повеќе од 28 земји, што претставува одлична можност за воспоставување деловни релации, размена на идеи и ставови за винската индустрија пред сѐ.

На вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ излагаат над 70 винарии и дестилерии од Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK