Преку проектот „ЕУ – Поддршка за владеење на правото“ Јавното обвинителство ќе добие нов електронски систем за управување со предметите

436382169_1115244956407887_7238338844837365306_n-800x600.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претставниците на проектот „ЕУ – Поддршка за владеење на правото“ го информираа Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски за планираните активности кои треба да се реализираат во рамките на овој проект во следниот период.


Во рамките на активностите на овој проект поврзани со информатичката технологија, фокусот на поддршката ќе биде насочен во изготвувањето на техничката спецификација за воспоставување на нов електронски систем за управување со предметите во Јавното обвинителство. Средствата за овој голем и сложен проект, во кој покрај Јавното обвинителство, се опфатени и неколку други институции, се обезбедени преку ИПА-3 програмата на Европската унија. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ќе формира посебна работна група за дигитализација која ќе работи на утврдување на функционалните каратеристики во новиот систем, кои се неопходни за функционирањето на Јавното обвинителство. Во поддршка на процесот на изградба на новиот електронски систем ќе се вклучи и Здружението на јавните обвинители, чиј претседател Елвин Вели беше исто така на денешната средба.

Од аспект на дигитализацијата, домашни и меѓународни ИТ експерти од овој проект работат на надградба и на постојниот Лурис-систем за меѓународна правна помош. По завршување на надградбата, земјава ќе биде прва во регионот која ќе овозможи директно електронско поврзување на Лурис-системите во Јавното обвинителство и Министерството за правда.

Од останатите активности, проектот „ЕУ – Поддршка за владеење на правото“ работи на подобрување на законските и подзаконските акти за оценување, контрола и дисциплинска одговорност на јавните обвинители, помага во обука на истражителите во истражните центри, придонесува во подготовката на новата Стратегија за комуникации и транспарентност на Јавното обвинителство, а врши анализа и на човечките ресурси со кои располага обвинителството.

Обвинителот Коцевски се заблагодари на Европската унија за помошта во сите области што ги опфаќа овој проект и најави поддршка на проектните активности кои треба да овозможат Јавното обвинителство да ги достигне европските стандарди во работата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK