Во собрансиката Комисија за култура денеска треба да почне разгледувањето на Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик. Предлагач на законот е Министерството за култура, а целта е подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба во јавната и во службената комуникација, почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во таа насока.
Со новиот закон, според предлагачот, ќе се прошират областите во коишто задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање текстови што се објавуваат: општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа, службените документи и текстови на овие органи, но и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката.
Бараме веднаш, без одложување, од страна на Владата на Р С. Македонија, односно Министерството за надворешни работи, оваа Изјава да биде повлечена во целост, имајќи предвид дека со неа не се
-Со Предлог-законот ќе се даде правна основа за донесување национална стратегија за македонскиот јазик. Министерството за образование и наука ќе објавува конкурси за стипендирање кадар за изучување на македонскиот јазик. Како и досега – и со овој закон проверката на потребното стручно знаење за лекторирање ќе се врши преку полагање испит за добивање лекторска лиценца. За вршење инспекциски надзор над примената на законот се предлага основање Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице, се наведува во Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик.
Покрај Комисијата за култура, во Собранието денеска ќе заседаваат и комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправаат за Годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, а на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите за Информацијата за работењето на Оперативно-техничката агенција