„Пред два дена комуницирав со Таравари, а претходно имавме состанок“, рече Ковачевски

„Пред-два-дена-комуницирав-со-Таравари-а-претходно-имавме-состанок.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за Алијанса за Албанците, кажа дека за тоа што се случува во таа партија треба да го прашаат Таравари, а не него.

„За односите во Алијанса ќе ги прашате во Алијанса, не можам да одговарам во име на друга партија. Ако доставиле предлог до претседателот на Владата, тогаш ќе го прашате премиерот каков предлог добил, за тоа како ќе гласа пратеничката група на СДСМ, ќе гласа во согласност со предлогот којшто ќе дојде од Владата и врз основа на ставот којшто ќе го имаат пратениците на Алијанса. Јас не ја знам кадровската комисија во Алијанса, како им е структурирана партијата, тоа се прашања на партијата“, одговори Ковачевски.

Тој додаде дека неговата комуникација е официјална и досега комуницирал со Таравари.

„Со Таравари комунициравме и додека се правеше владата која јас ја предводев. Тоа беше мојата комуникација со Таравари. Пред два дена комуницирав со Таравари и пред тоа имавме состанок во седиштето на СДСМ. Јас секогаш имам официјална комуникација. Ние и сега сме во коалиција со партиите кои се за продолжување на европската интеграција за државата.

Изборниот настап е одлука на органите на партиите дали ќе се оди на заеднички листи, дали ќе се оди на листи коишто претставуваат традиционални коалиции на коалиционите партиите, ќе биде одлука на партиите. На крајот од денот ние ќе имаме два блока за ЕУ интеграција и другиот ќе биде за изолација. Процесите се движат накај одржување на фер и демократски избори и победа на проевропската коалиција“, додаде Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK