Пратениците на Левица со нова кривична пријава против Талат Џафери

sobranie-apasiev.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до Основното јавно обвинителство – Скопје, денес поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, заради основано сомневање за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години.


„Пријавата, која е деветта по ред против беззаконието и силеџиството на овој амнестиран терорист, е поднесена поради пропуштање должен надзор и злонамерно несовесно постапување во случаите со шверцуваните пет закони за „Бехтел и Енка“ (Законот за стратешки партнер за коридорите 8 и 10-д + Законот за урбанистичко планирање + Законот за градење + Законот за експропријација + Законот за работни односи), кои спротивно на сите деловнички правила беа пуштени со европско знаменце – без пополнета кореспондентна табела и без потпис од надлежните министри“, велат од партијата на Левица.

Пријавениот бил должен истите да ѝ ги врати на Владата, како предлагач, со барање за усогласување со одредбите од Деловникот, а не го сторил тоа, поради што го довел парламентот во заблуда и ги повредил загарантираните уставни права на пратениците, за што подлежи на кривично-правен прогон по службена должност“, се наведува во соопштението на Левица.

Од партијата известуваат дека правниот тим на Левица подготвува уште најмалку две кривични пријави против Џафери, за различни кривични дела против службената положба и овластување, а нивното процесуирање, велат, ќе биде услов на Партијата за учество во било која идна Влада на Република Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK