Пратениците на Левица со кривична пријава против Џафери

Пратениците-на-Левица-со-кривична-пријава-против-Џафери.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратениците на Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, заради основано сомневање дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ – казниво по чл. 353 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години.


„Пријавениот се терети дека со отфрлањето на над 2.400 амандмани поднесени при второто читање на новиот собраниски Деловник го сторил делото кое му се става на товар – свесно оневозможувајќи го пратеничкото право на писмено поднесување и усно образлагање на поднесените амандмани на пленарна седница на Собранието. Со ова свое недозволиво, арбитрарно и самоволно дејствие тешко ги повредил уставните, законски и деловнички права на пратениците кои им се загарантирани во легислативната парламентарна постапка, како овластени предлагачи на закони и други општи акти, со што таксативно се исполнети сите законски услови за кривичен прогон против пријавениот“, велат од Левица.

„Ја известуваме македонската јавност дека до завршувањето на мандатот на овој најконтроверзен претседател на Собранието на независна Македонија, правниот тим на Левица ќе поднесе уште најмалку три кривични пријави за различни кривични дела против службената положба и овластување, а нивното процесуирање ќе биде услов на Партијата за учество во било која идна Влада на Република Македонија“, додаваат од Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK