Државната изборна комисија денеска ги констатираше редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче.
Извлекувањето беше јавно, а го спроведоа претставници на кандидатите.
Прв на ливчето ќе биде Стево Пендаровски, а седми Максим Димитриевски, Гордана Силјановска ќе биде под реден број два:
1.Стево Пендаровски
2.Гордана Силјановска Давкова
3.Стевчо Јакимовски
4.Бујар Османи
5.Билјана Ванковска Цветковска
6.Арбен Таравари
7.Максим Димитриевски