Тетовските пожарникари интервенираат во гасење на пожар кој бил предизвикан од запалени гуми.
„ТППЕ Тетово интервенира на запалени гуми спроти фабрика Киел во с. Желино кај подвозникот кон с. Сиричино (Опш. Желино)“, информираат од Центарот за управување со кризи.
Гаснењето, како што велат е отежнато поради големата количина на автомобилски гуми, но нема опасност пожарот да ги зафати соседните објекти.
Се очекува целосно гаснење за максимум два часа, додаваат надлежните.