Два пожари избувнаа попладнево на територијата на Општина Долнени.
Од Центарот за управување со кризи информираа дека првиот избил над Манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен.
„Гори висока трева, нискостеблеста шума како и дабова шума и шума од габер, но се заканува опасност пожарот да се приближи и кон селото Зрзе“, објави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Вториот пожар е над селото Кошино каде што освен висока сува трева гори и квалитетна дабова шума а пожарот се приближи на околу 300 метри од првите куќи во селото.
Како подршка на прилепските пожарникари кои се обидуваат да воспостават контрола над пожарот од земја, полета еден авион на ДЗС а вториот се подготвува за полетување. Истовремено за полетување се подготвува и еден хеликоптер на МВР.