Постапките за издавање на лични документи во Штип се одвиваат нормално и без поголеми гужви

6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на Штип каде одржа работен состанок со раководството на СВР Штип, а ги посети и Отсекот за управни работи Штип.


На состанокот се разговараше за движењето на криминалот на подрачјето што го покрива СВР Штип и мерките и активностите што се преземаат за одржување на поволна безбедносна состојба и во тој контекст беше потенцирано дека има зајакнати контроли на експресниот пат каде често се случуваат сообраќајни несреќи со тешки последици.

Во однос на човечките ресурси и материјално-технички средства раководството за СВР Штип се пожали на слабата кадровска пополнетост и недостаток на возила кои им се основна алатка за работа.

Што се однесува до спроведувањето на изборите, министерот Тошковски ја потенцираше заложбата за постапување исклучиво согласно законските прописи и во тој контекст полициските службеници треба да бидат гаранција за овозможување на услови секој граѓанин слободно да го оствари своето право на глас.

Во делот на управните служби постапките за издавање на лични документи се одвиваат нормално и без поголеми гужви и покрај тоа што овие служби функционираат во ограничени просторни услови.

Во рамки на посетата на СВР Штип министерот Тошковски заедно со Отсекот за превенција, на случајни минувачи им поделија флаери со едукативна содржина кои имаат за цел да ја подигнат свеста кај граѓаните за важноста на соработката со полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK