Посебен сообраќаен режим за отворањето на Охридско лето

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со цел непречено одвивање на предвидените активности пред отворањето на годинешниот фестивал „Охридско лето“, СВР Охрид денеска и утре, ќе преземе посебни безбедносни мерки.



Во делот на сообраќајот, на кејот „Македонија“ и улиците „Абас Емин“, „Гоце Делчев“ „Кирил и Методиј“, како и кај паркинг просторот кај „Горна Порта“, ќе биде забрането запирање и паркирање на патнички и други моторни возила.

На овие, но и на приодите кон Античкиот театар ќе има присуство на полициски службеници кои ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот и непречено движење на возилата со придружба. Предвидени се и други безбедносни мерки на подрачјето.

СВР Охрид апелира до граѓаните, поради огромното значење на фестивалот на домашен и меѓународен план, да покажат разбирање за мерките, да ги почитуваат насоките на полициските службеници и со цел избегнување сообраќаен метеж, доколку немаат итна и неодложна потреба, да се воздржат од користење на своите приватни возила.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK