Посебен сообраќаен режим во Тетово поради престој на висока странска делегација

Посебен-сообраќаен-режим-во-Тетово-поради-престој-на-висока-странска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод доаѓањето и престојот во Тетово на висока делегација од Собранието на Кралството Саудиска Арабија предводена од Абдулах Бин Мухамед Ал Шеикх, утре од 5 часот и 30 минути во Тетово ќе се воведе посебен сообраќаен режим.


Изменетиот режим ќе се однесува и применува на улицата „Маршал Тито“ од влезот – излез на Тетово до градскиот плоштад и обратно, потоа на потегот од градскиот плоштад до крстосницата со улицата „Браќа Миладинови“ и обратно и на улицата „Браќа Миладинови“ на потегот од крстосницата со улицата „Илинденска“ до крстосницата со улицата „Ѓорче Петров“.

Посебниот режим ќе се применува до 12 часот.

Во овој период се апелира до граѓаните без поголема и неодложна потреба да не се движат со нивните возила во овој дел од градот или да ги паркираат на споменатите улици, да имаат трпение и целосно да се придржуваат на наредбите и насоките од полициските службеници на СВР Тетово.

Со тоа, граѓаните најнепосредно ќе придонесат да не се наруши непреченото и безбедно движење на гостите од Саудиска Арабија, и воопшто нормалното одвивање на сообраќајот во Тетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK