Попладнево блокирани неколку улици поради протести

46341034_1136065443217070_3186915903144984576_n-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопската полиција соопшти дека поради одржување на протест, денеска  со почеток од 14 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кај крстосницата помеѓу булеварот Никола Карев и улицата Прохор Пчињски во Скопје.


Исто така, со почеток од 16 часот, поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Имено, трасата на движење на маршот ќе се одвива од пред Министерството за животна средина на ул.„Филип Втори Македонски“, кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“ и право по бул.„ВМРО“ до пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“.

Полицијата апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK