Полициски екипи утрово влегле на Клиниката за онкологија во Скопје а биле извршени и претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот „Онкологија“.
Од Основното јавно обвинителство за „Макфакс“, велат дека се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител, но повеќе детали не откриваат.
Оттаму додаваат дека кога ќе имаат повеќе детали истите ќе бидат споделени со јавноста.
Случајот „Онкологија“ беше откриен откако неделникот „Фокус“ минатата година објави текстови за постоење на разработена криминална бизнис-мрежа за препродавање скапи лекови.
Информациите беа потврдени подоцна од надлежните институции. Од Јавното обвинителство потврдија дека има акција на Клиниката и во неа се прибираат докази во рамки на предистражна постапка, а претреси беа направени во два приватни стана, при што беа одземени одземени компјутери и документација.