Полицаец забележал како војникот на АРМ од кула на затворот Идризово им фрлил ќеса со 10 мобилни на затворениците во дворот

Полицаец-забележал-како-војникот-на-АРМ-од-кула-на-затворот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицаец кој го обезбедувал затворот го забележал професионалниот војник на АРМ како шверцува мобилни телефони во затворот Идризово. Против војникот попладнево Обвинителството соопшти дека отвора постапка за кривично дело злоупотреба на службена положба оти додека го обезбедувал затворот ги снабдувал затворениците со телефони иако се забранети.


Министерството за внатрешни работи преку соопштение извести за деталите.

„На 01.02.2024 во 12.10 часот во СВР Скопје, полициски службеник за обезбедување на Казнено – поправната установа Затвор Идризово забележал дека Е.С.(22), вработен во Армијата на Северна Македонија, кој исто така врши обезбедување на затворот, од една од кулите фрлил кеса со 10 мобилни телефони во дворот од затворот, која била подигната од еден од затворениците. Е.С. е обезбеден од Воена полиција и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти МВР.

Од 8 јуни минатата година, кога беше прогласена кризна состојба во затворот „Идризово“ поради спречување безбедносни закани, за одржување на редот во затворот, на затворската полиција ѝ помагаат полицајци од Министерството за внатрешни работи и војници од Армијата. територијата на општина Гази Баба, но и на територијата на градот Скопје, што им укажало дека се регулираат и бегствата од затворот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK