Поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител поради сторена тешка дисциплинска повреда

obvinitelstvo-800x450.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и разгледување на извештајот на обвинителот-известител, донесе Решение со кое утврди дека обвинителот е одговорен за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 8 од Законот за јавното обвинителство.


Врз основа на изведените докази, Комисијата утврди дека јавниот обвинител без оправдани причини не постапувал по предмети во пропишаните законски рокови, со што значително била одолговлечена постапката во предметите. Со оглед на тоа и другите околности, одлучено е до Советот на јавните обвинители да биде поднесен предлог за разрешување на јавниот обвинител, велат од Обвинителството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK