Подготвени предлог измените на Изборниот законик

Подготвени-предлог-измените-на-Изборниот-законик.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Работната група што ја формираше Министерството за правда ги подготви измените кои се поддржани и од министерот за правда Кренар Лога кој смета дека платеното политичко рекламирање не треба да биде на товар на државата.

На лидерска средба е договорено овој законик да оди во Собранието преку пратеници, па Министерството за правда ќе ја достави работната верзија до сите парламентарни политички партии. Одговорноста за донесувањето и содржината на Изборниот законик ќе биде на пратениците во Собранието на РСМ, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Предлогот на Изборниот законик содржи 58 члена кои ќе придонесат кон зајакнување на улогата на институциите одговорни за спроведување на одредбите од овој законик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK