Под мотото „Непокор и слобода“ се одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание

Под-мотото-„Непокор-и-слобода-се-одбележува-11-Октомври-–.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Под мотото „Непокор и слобода“ денеска се одбележуваат 82 години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната борба.



Централната манифестација ќе се одржи пред Спомен-костурницата во Куманово, а во Собранието ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“.

Цвеќе ќе биде положено пред спомениците на паднатите борци на НОБ во Скопје и во Прилеп.

Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, а во чиј состав ќе бидат и вицепремиерот Артан Груби, министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за информатичко општество Азир Алиу, ќе присуствува на централната манифестација во Куманово.

Според најавите, предвидено е обраќање на премиерот Ковачевски и културно-уметничка програма пред платото на Спомен-костурницата.

Како дел од чествувањето, во Прилеп владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу и пред Могилата на Непобедените.

Во Собранието ќе се одржи свеченост на која ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ која годинава ја добива композиторот Љупчо Констатинов за животно дело во областа на културата и уметноста.

Собраниски делегации ќе положат цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, споменикот на Кузман Јосифовски-Питу и споменикот на Жена Борец, како и пред Могилата на непобедените.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK