Општина Илинден почна со изградба на ново детско игралиште во населено место Ајватовци. Во рамки на игралиштето ќе бидат поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи и панелна ограда.
На терен увид на работните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека децата од Ајватовци ќе добијат ново катче каде можат да го поминуваат слоборното време во игра и забава.
„Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината. Во наредниот период ќе бидат реконструирани постојните и ќе се изградат нови детски игралишта и во останатите населени места“, велат од Општина Илинден.