Почина Арсим Зеколи, политички аналитичар и поранешен дипломат


screenshot-2026-06-08-120617.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 60-годишна возраст, утрово почина Арсим Зеколи, политички аналитичар и поранешен амбасадор на земјава при меѓународните организации во Виена и на ОБСЕ во Туркменистан.


Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговиот брат, Шефкет Зеколи.

„Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денеска, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026)“, стои во соопштеното.

Од семејството известуваат дека погребот ќе се одржи во 18 часот на гробиштата во селото Блаце.

Арсим Зеколи беше политички аналитичар и дипломат, а во текот на својата дипломатска кариера ја претставуваше Македонија во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена, каде беше постојан претставник на земјата.

По завршувањето на дипломатскиот ангажман, продолжи активно да учествува во јавниот дискурс преку анализи, колумни и коментари за домашните и меѓународните политички процеси.

Преку објава на социјалните мрежи од Зеколи се прости и потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи.

„Често јавно ме критикуваше, но тоа не нè спречуваше да се среќаваме и со часови да разговараме за меѓународната политика, регионот и геополитиката. Кога бев претседавач со ОБСЕ, често го поканував во мојот кабинет. Никогаш не разговаравме за тоа што го напишал за мене претходниот ден, ниту за нешто што можеби не ми се допаднало. Еден детал особено ми остана во сеќавање. Колку пати и да му понудев кафе кога ќе дојдеше во Министерството, тој одбиваше. Велеше дека не сака да добие ништо од луѓето на власт, за никому да не му остане должен, па дури ни за едно кафе. Таков беше Арсим. Сочувство до семејството и најблиските“, се вели во објавата на социјаните мрежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK