По повод одбележување на 12-годишнината од смртта на првиот претседател на Републиката, Киро Глигоров, делегација на Собранието на Република Северна Македонија, ќе положи цвеќе.
Делегацијата во состав: Дарко Каевски и Бети Стаменковска-Трајкоска, на 1 јануари 2024 година во понеделник, во 11:00 часот, ќе положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Градските гробишта Бутел во Скопје.