„После 20 годии шепотење и непреземање ништо надлежни институции го отворија и го расчистуваат случајот Онкологија токму во време на СДСМ. Лагите на ДПМНЕ не значат ништо, вистината е поразителна за оваа лажна партија која едно зборува друго прави“, соопшти СДСМ.
„Граѓаните знаат дека лагите на ДПМНЕ се потврдија и преку собраниската Анкетна комисија.
Јавноста виде дека на ДПМНЕ воопшто не им била важна вистината, не биле важни пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат.
Два месеци ДПМНЕ ја злоупотребува работата на комисијата, а со тоа ги злоупотребуваа пациентите, граѓаните и македонското собрание.
Се викаа сведоци, се трошеа пари на граѓаните, се сееше лаги и на крај, ДПМНЕ побегна од комисијата, со денови не се свикуваа седница и не се усвои никаков заклучок, работата на комисија пропадна.
Намерата на ДПМНЕ беше да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја злоупотребува во политички цели. Но и во тоа не успеа.
Сите инволвирани во овој скандалозен случај ќе сносат одговорност и ќе биде расчистен до крај“, се наведува во соопштението на СДСМ.