Петровска на конференцијата на началници на Генералштаб на земјите на САД – Јадранската повелба: успешен регионален механизам со потврдени резултати

Петровска-на-конференцијата-на-началници-на-Генералштаб-на-земјите-на.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, се обрати на годишната конференција на началници на Генералштаб на земјите – членки на САД – Јадранската Повелба, на која присуствува и генералот Кристофер Каволи, командант на Армијата на САД за Европа.


„Резултатите од дејствувањето и соработката на оваа иницијатива се повеќе од видливи и нашироко препознаени. Четири од постојните пет нејзини членки се полноправни членки на НАТО алијансата, но и заеднички придонесувавме во поддршка на меѓународниот мир и во меѓународните операции првично како А3, а денес како А5. Нашиот заеднички придонес во мисијата ИСАФ и Одлучна поддршка беа широко препознаени и високо вреднувани од нашите сојузници“, рече Петровска.

Таа се заблагодари за континуираната американска поддршка, која, потенцираше, беше најсилен мотиватор за реализација на евроатлантските агенди на членките на Повелбата. Дополнително, се осврна и на Концептот за ревитализација чија имплементација започна под претседателство на Северна Македонија, а преку кој се интензивираше меѓусебната соработка и се развија нови идеи и проекти.

„Поддршката на САД и EUCOM во имплементација на проектите во рамки на А5 е од непроценливо значење. Во изминатите две децении, САД беа најсилните мотиватори и поддржувачи на европските и евроатлантските агенди на земјите членки на Повелбата. Без вашата несебична поддршка сите ние немаше да бидеме онаму каде што сме денес. Благодарни сме за Вашата поддршка кон сите нас. Убедена сум дека поддршката ќе продолжи со несмален интензитет и во следниот период и во реализација на идните планирани проекти во рамки на Повелбата“, рече таа.

„Свесни сме за промените во безбедносната околина во Евроатлантската војна кои настанаа со неиспровоцираната и неправедна агресија на Русија врз Украина. Оваа војна придонесе да се променат и доктринарниот и концептуален пристап во војувањето денес, а и во иднина. Позната ни е и улогата која ја имаат хибридното војување, дезинформациите и современите технологии на бојното поле. Тоа се предизвици на кои сите ние заедно треба да одговориме час поскоро. Темата која е предмет на дискусија на оваа Конференција е навистина предизвик за сите нас како и со кои механизми ќе одговориме денес и во иднина. Верувам дека има доволно мудрост, умешност и вештина да се пронајдат вистинските механизми за одговор на овие предизвици на современото војување“, додаде Петровска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK