Петкова: Власта повторно го злоупотребува европското знаменце во Законот за проценка на лица со попреченост

Петкова-Власта-повторно-го-злоупотребува-европското-знаменце-во-Законот-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Власта го предложи по скратена постапка и со европско знаменце Законот за проценка на лицата со попреченост. Повторно се врши злоупотреба и повторно бегање од дебата, изјави на прес-конференција, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова.


Власта предводена од СДС и ДУИ повторно го покажа своето вистинско лице.

„Вчера на Комисијата за труд и социјална политика се разгледуваше Предлог на Закон за систем за проценка на лица со попреченост. Ова е потполно нов закон со кој што треба да се регулира оваа проблематика. Но, тука започнуваат проблемите. Целата процедура и идеја за носење на ваков важен и нов Закон е погрешна и очигледно се води со неискрена намера од страна на власта и мнозинството“, рече Петкова.

Образложи овој многу важен и нов Закон се предлага без никаква консултација и вклученост на сите засегнати и заинтересирани страни, здруженија и организации во подготовка и носење на овој нов закон. Значи лицата кои што најдиректно се засегнати со овој Закон, власта и мнозинството целосно ги игнорираат. Срамно и неодговорно, рече Петкова.

Пратеничката смета дека станува збор за лошо законско решение кое нема да ги подобри условите на овие лица, туку напротив само дополнително ќе ги збуни, покажува и фактот што овој Закон ќе стапи на сила дури 18 месеци од неговото донесување, освен одредбите од третиот дел кој што се однесува на издавање на лиценци на лица блиски до оваа власт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK