Пензионерка до Меџити: Со 12.500 денари како да купам и ленти за шеќер, се утепав давајќи пари лекови

mexiti-i-penzionerka-vo-jane-sandanski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пензионерка која наброја дека боледува од дузина болести, утрово го праша лично министерот за здравство Фатмир Меџити зошто нема ленти за мерење шеќер во крвта. Министерот, пред Поликлиниката Јане Сандански и денес ја промовираше реформата во примарното здравство со која матичните лекари можат да припишуваат лекови за притисок, шеќер, белодробни болести, тироида и астма кои досега ги припишува специјалистите. Откако заврши со давањето изјава министерот, пензионерката гласно го праша зошто нема ленти за дијабетичари.


„А лентите кога ќе ги добиеме ние што сме со еден бубрег? Кога? Ти си министер за здравство, така?  12.500 денари пензија зимам, две ребра имам извадено од рак, четири пати бешиката ми е оперирана од рак, имам извадено бубрег двапати сум оперирана, имам болна тироидна. Живеам тука во пензионерскиот дом. Не сум мажена, од болести не можев да се омажам, се разболев многу млада. И сега ленти купувам. Една нега зимам мочана од 4200 денари. Немам фамилија, ми изумреа сите, сестра една има стара. Се утепав пари давајќи за лекови. За срце примам декортин, шеќер имам се боцкам трипати“, рече пензионерката.

Министерот и пријде и се обиде да ја смири.

„Можам да ви кажам дека добро изгледате, добро се држите. Ќе има ленти. Навистина како министер се извинувам за тоа што доцнеа. Едно ве уверувам, јас како Фатмир Меџити, додека сум министер, нема да има доцнење со лековите“, рече министерот Меџити.

Пензионерката му кажа дека има и ретка системска болест од која и отекува телото па побара помош за лекот кој и помага, а министерот ги задолжи своите вработени да земат податоци за да може да и помогне.

Ја советуваше да не излегува во периодот од 10 до 18 часот додека траат горештините и ја испрати во инсулинската аптека да си подигне ленти за кои уверува дека се веќе достапни за пациентите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK