Пендаровски за Рамазан Бајрам: Сплотени да споделуваме визија за благосостојба, просперитет и развој на нашата заедничка татковина

Пендаровски-Не-смее-да-постои-етикетирање-дискредитација-и-обиди-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху.

Почитуван Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху,

Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод празникот Рамазан бајрам.

Големиот празник го означи крајот на триесетдневниот пост од утро до мрак во кој секој муслиман покрај од храната и пијалакот се откажува и од лоши мисли и дела, посветувајќи се на молитва и на духовност. Како еден од столбовите на исламот, Рамазан е месец на добрина, милост, љубов и простување. Токму во духот на празникот, не само во претстојните три празнични дена, туку и во текот на целата година да живееме во мир и во хармонија, да бидеме солидарни и љубезни, исполнети со среќа и со радост.

Сите сплотени да споделуваме со нашите ближни, со нашите поблиски и подалечни соседи, визија за благосостојба, просперитет и развој на нашата заедничка татковина.

Честит Рамазан бајрам!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK