Пендаровски вчера му испратил порака на Ердоган за екстрадицијата на Палевски

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски потврдија дека вчера му била испратена порака на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со екстрадицијата на осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски.



„Вчера е пренесена пораката до кабинетот на Ердоган за екстрадицијата на Палевски“, велат за „Макфакс“ од кабинетот на Пендаровски.

Од таму не соопштуваат повеќе детали за содржината на пораката.

Пендаровски во интервју деновиве кажа дека размислува во следните денови да испрати порака до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за побрза екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK