Пендаровски: Поддршка за млaдите лекари, секој мора соодветно да биде вреднуван за својот труд

Пендаровски-Ако-бев-избран-во-Парламентот-во-2019-ќе-бев.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ги поддржува младите лекари и приватните специјализанти во нивната борба за достоинствени плати.


„Фер и правилно е секој да биде соодветно вреднуван за својот труд и знаење а младите лекари не само што не смеат да бидат исклучок, туку треба да бидат предводници на тоа правило. Соодветно платени и обезбедени млади лекари и специјализанти денес, се врвни доктори и медицински лица во иднината. Обезбедувањето на фер надомест, платени придонеси и достојни услови за учење и работа, се главните предуслови, младите лекари и специјализанти своите кариери да ги продолжат тука, во својата земја“, вели Пендаровски.

Според него младите лекари и приватни специјализанти мора да го добијат она што го заслужуваат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK