Пендаровски од Тирана: Мора да ветиме дека и натаму ќе и пружаме поддршка на Украина, досега имаме испорачано помош во вредност од 60 милиони евра

Пендаровски-од-Тирана-Мора-да-ветиме-дека-и-натаму-ќе.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа кој се одржува во Тирана, Република Албанија.


Пендаровски во своето обраќање нотираше дека неодамнешната одлука на Советот на ЕУ да обезбеди помош од 50 милијарди евра, како и изгледите дека американскиот Конгрес ќе издвои околу 90 милијарди долари, се активности во вистинска насока. Тој истакна дека Северна Македонија беше меѓу првите земји којашто и пружи воена, техничка и хуманитарна помош на Украина и посочи дека досега имаме испорачано 12 пакети помош, со вкупна вредност од 60 милиони евра.

Нагласи дека заедно со нашите НАТО сојузници и со истомислениците, ќе продолжиме да се спротивставуваме на нападот врз независноста на Украина, барајќи одговорност за сите извршени злосторства со цел да се обезбеди правда за жртвите и нивните семејства. „Денес од Тирана, мора да ветиме дека и натаму ќе ја пружаме нашата непоколеблива поддршка, се додека не се постигне мировен договор, кој ќе ги одрази аспирациите на украинскиот народ“, порача Пендаровски.

Според него, мора да разбереме дека борбата за слобода на Украина се води во име на целиот демократски и цивилизиран свет.

„Во овој критичен момент, влогот за сите нас е огромен и ги надминува географските граници, одекнувајќи секаде каде што постојат мирни демократски општества.
Успехот на украинските вооружени сили не зависи само од нивната решителност и храброст да се спротивстават на агресорот, туку и од многу потребната финансиска, логистичка и воена поддршка што ја даваат пријателските народи. Неодамнешната одлука на Советот на ЕУ да обезбеди помош од 50 милијарди евра, како и изгледите за обезбедување на околу 90 милијарди долари од страна на американскиот Конгрес, се сметаат за соодветен правец на дејствување. Северна Македонија беше меѓу првите нации што и пружи воена, техничка и хуманитарна помош на Украина. Досега имаме испорачано 12 пакети помош, со вкупна вредност од 60 милиони евра. Заедно со нашите НАТО сојузници и со истомислениците, ќе продолжиме да се спротивставуваме на нападот врз независноста на Украина, барајќи одговорност за сите извршени злосторства со цел да се обезбеди правда за жртвите и нивните семејства. Покрај тоа, подготвени сме да ја поддржиме Украина во слободното исцртување на нејзиниот иден курс, вклучително и нејзината желба за интеграција во Европската Унија и во НАТО“, потенцира Пендаровски.

Како што рече, „од Тирана, мора да ветиме дека и натаму ќе ја пружаме нашата непоколеблива поддршка, се додека не се постигне мировен договор, кој ќе биде одраз на желбите на украинскиот народ“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK