Пендаровски не презеде обврска да преговара со Грција за пасошите, велат од неговиот кабинет

Пендаровски-не-презеде-обврска-да-преговара-со-Грција-за-пасошите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот со пасошите и најави дека може да помогне во комуникацијата со Грција, но нема преземено обврска во таа смисла, велат oд Кабинетот на претседателот.


Реакцијата следи откако претходно денес премиерот Димитар Ковачевски изјави: „Претседателот на државата презеде обврска да се чуе со претседателката на Грција“.

Од Кабинетот додаваат дека предлогот на Пендаровски за надминување на проблемот, односно промената на Законите за да се пролонгира рокот за менувањето на личните документи, е во целосна надлежност на Владата и Собранието.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK