Пендаровски на вечера им посака „добредојде“ во Скопје на претседателите на земјите од регионот

Пендаровски-на-вечера-им-посака-„добредојде-во-Скопје-на-претседателите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски синоќа ги пречека и ги прими на вечера претседателите на земјите од регионот, во рамки на Процесот Бродо-Бриони.


Во Скопје допатуваа претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на Босна и Херцеговина: Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ.

„Добредојде за моите колеги од регионот со кои утре очекувам да имаме конструктивна дискусија на состанокот во рамки на Процесот Брдо-Бриони“, напиша синоќа на социјалните мрежи Пендаровски.

Денешниот настан во агендата предвидува билатерални состаноци, пленарна средба и прес-конференција.

Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје се европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите.

Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска, во Брдо кај Крањ.

Главната цел на процесот е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK