Пендаровски-Курти: За Балканот е важно отворените прашања да се решаваат низ дијалог

Пендаровски-Курти-За-Балканот-е-важно-отворените-прашања-да-се-решаваат.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Косово, денеска во Приштина оствари средба со косовскиот премиер Албин Курти.

На средбата се разговараше за севкупната соработка меѓу двете држави, при што беше оценето дека двете држави одржуваат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка, со отворен дијалог на сите нивоа и беше изразен интерес за нејзино унапредување во сите сфери од заемен интерес.

На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните состојби во регионот, вклучувајќи го дијалогот Белград – Приштина. Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека во услови на мултиплицирани кризи и безбедносни предизвици на глобално ниво, од голема важност за стабилноста на Западен Балкан е изнаоѓањето на решенија на отворените прашања преку дијалог и меѓусебно разбирање.

Пендаровски ја реафирмираше поддршката за евро-атлантските аспирации на Косово, посочувајќи дека како членка на НАТО, Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата и дава активен придонес во поддршката на мирот во Косово преку учеството во мисијата КФОР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK