Пендаровски ќе ги покани на ифтарска и на велигденска вечера сите кандидати за претседател, а предлага и две големи дебати

stevo-pendarovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот Стево Пендаровски ќе води граѓанска, европска, транспарентна и позитивна кампања, најавија денес советниците за односи со јавност во неговиот изборен штаб Богданка Кузеска и Наим Вранези. Тие известија дека Пендаровски, како кандидат за втор претседателски мандат, предлага сите кандидати да имаат две големи дебати, а најавија и дека претседателот ќе ги покани сите кандидати на ифтарска и на велигденска вечера.

„Штабот на Пендаровски на останатите кандидати за претседател им предложи да се одржат две големи дебати на неутрален терен, една на почетокот и втората, на крајот на кампањата. Ваквиот формат на претставување на кандидатите, како што истакнаа тие, се прави во најразвиените демократии и на тој начин секој од кандидатите ќе добие простор да ја презентира својата програма. Во пресрет на големите верски празници, претседателот Пендаровски ќе ги покани сите претседателски кандидати на ифтарска и велигденска вечера“, стои во соопштението на тимот за комуникации во изборниот штаб на Пендаровски.

На граѓанска конвенција на трети април ќе биде презентирана програмата на Пендаровски за вториот претседателски мандат кој ќе го побара на претстојните избори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK