Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик

Пендаровски-го-потпиша-указот-за-прогласување-на-Законот-за-употребата.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик, што во петокот го донесе Собранието на Република Северна Македонија.

Донесениот закон ќе придонесе за подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, за афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба на македонскиот јазик во јавната и во службената комуникација како и за почитување и унапредување на јазичниот стандард.

Претседателот очекува дека примената на законот ќе придонесе за надминување на алармантните состојби во врска со неправилната употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, и за зголемена, организирана и системска грижа на државата за неговата правилна употреба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK