Павле Трајанов побара информација од МВР за грозоморните убиства

Павле-Трајанов-побара-информација-од-МВР-за-грозоморните-убиства.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност, пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, бара МВР до Собранието да достави Информација за грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во која ке бидат опфатени сите аспекти поврзани со ликвидацијата на Вања и Панче, вклучително и активностите и мерките на МВР, како и на другите служби за безбедност.


„И покрај сите апели да не се политизираат овие грозоморни настани, секојдневно се соочуваме со обиди на СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски да ја релативизираат и префрлат одговорноста на други партии и поединци.

Само преку сеопфатна анализа може да се дојде до клучните оценки за поставеноста и дејствувањето на системот, превенцијата, системските слабости, последици од партизацијата, толеранцијата на криминалните и екстремни однесувања, политичката заштита на говорот на омраза, неоснованите напади на неистомисленици итн“, велат од Демократскиот сојуз.

„Парламентот треба да расправа и за можна политичка одговорност на носителите на власт. Комисијата го прифати предлогот, при што го задолжи министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена да достави Информација до Комисијата за одбрана и безбедност“, се додава во соопштението на Демократскиот сојуз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK