Партијата Левица исклучи тројца членови, тврди дека нема раскол туку сакале да го саботираат процесот на собирање потписи

Партијата-Левица-исклучи-тројца-членови-тврди-дека-нема-раскол-туку.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Политичката партија Левица објави дека ги суспендирала и исклучила од членство претседателот на Советот на Општина Карпош – Бранко Ристов; неговата партнерка Живанка Морис – поранешна координаторка на Левица-Дијаспора и советникот во Општина Аеродром – Дарко Масларковски (а.к.а. Пука Козметика).


Дисциплинската одлука, како што наведуваат од партијата, е донесена заради превенирање на обидите за роварење на надворешни структури поддржани и координирани од ДПМНЕ да го саботираат процесот на собирање потписи и да нанесат предизборна штета на Партијата, преку таргетирање и контаминирање на идентификувани слаби карики помеѓу членовите.

„Напоменуваме дека секој воочен внатрешен обид на непринципиелно и клиентелистичко делување, манипулирање, ширење дефетизам и шурување со одредени центри на моќ – било од обични членови или, пак, од раководни функционери на Левица ќе биде јакобински сосечен во корен! Неспособните кадри, кои се покажаа недостојни на задачата, ќе бидат заменети со нови, вредни, искрени и лојални работници. Тројца расипани си одат, триста чесни доаѓаат! Во деновите кога испишуваме Историја со собирањето потписи за првиот наш претседателски кандидат, Левица е непоколеблива во својата борба против корумпираниот систем на политичката и бизнис олигархија и нема да толерира отстапување од партискиот курс на неподмитливоста поради ничии лични амбиции, хирови и карактерни маани!“, велат од Левица.

Се додава: автентичниот раст и масовната народна поддршка на Левица ги плаши буржујските квислиншки партии СДС и ДПМНЕ, поради што не бираат средства за напади кон нив.

Левица побара оставка на Ристов и Масларковски од функциите кои во општинските совети и враќање на нивните советнички мандати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK