Од Скопје, преку Белград и Бугарија до Турција. Љупчо Палевски-Палчо кој е осомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовские фатен во турскиот град Баликесир.
Министерот за внатрешни работи, говорејќи на прес-конференција кажа дека Палевски првин стигнал во Србија каде престојувал во хотел. Потоа наредниот ден, го презема друго лице од Скопје, со џип и влегува преку Бугарија стигнува до Турција.
Успева да стигне до градот Баликесир каде што е уапсен.
„Нашите служби стапија во контакт со турски оперативен извор, кој за кратко време ни врати повратна информација дека лицето се наоѓа во Баликесир. Ни кажа дека сакал да замине за Истанбул“, рече Спасовски.
Попладнево од страна на колегите од турската полиција бил уапсен, додека се движел пеш по автопатите, додаде министерот.