Пациент и екипа на Брза помош заглавени во лифт во скопска Кисела Вода

1692196338_brza-pomosh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Екипа на скопската Брза помош заедно со пациент е заглавена во лифт во подрумски дел од зграда во Кисела Вода, соопшти Центарот за управување со кризи.

Случајот, како што информираат, бил пријавен на единствениот телефонски број за итни случаи 112 во 11:22 часот.

„Во 11:22 часот на 112 во ЦУК добивме пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје“, стои во информацијата.

Од страна на ЦУК итно се известени БППЗ Скопје и СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK