Соседи на професорката, Билјана Ванковска, не успеале да го дадат својот потпис за нејзината кандидатура поради големиот број на скали во објектот, објави Ванковска.
Професорката вели дека старите и болните не можеле да ги искачат.
„Овие скали вратија многу мои соседи од Карпош – стасале дотаму, но стари и болни, не можеле да ги искачат скалите и се вратиле тажни. Ние не сме свесни колку старееме како нација и колку малку грижа водиме за повозрасните и немоќните. Не само денес и за оваа работа! За секоја! Затоа бунтот на пензионерите заслужува секој респект и поддршка – тие луѓе што си го вградиле животот во оваа заедница се сега маргинализирани“, рече Ванковска.
Понатаму, таа во статус на социјалните мрежи напиша и дека добила три многу драгоцени потписи од нејзини драги соседи, кои дента и дале поддршка, откако вечерта го изгубиле својот син.