Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ) го отвори повикот за учество на Биеналето на македонската архитектура. Имајќи ги предвид случувањата на глобално ниво во периодот од 2020 до денес и неможноста за организација на 20. Биенале во дадениот период, Управниот одбор на ААМ донесе одлука за интегрално одржување на 20. и на 21. издание на Биенале на македонската архитектура. Настанот ќе се одржи во период од 14 до 30 септември годинава во НУ „Национална галерија – Мала станица“ и во Музеј на современа уметност во Скопје, во чии рамки ќе бидат изложени проектни решенија и реализирани проекти во периодот од 2018 до 2020 година и од 2021 до 2023 година.
Право на учество во БИМАС 2023 имаат архитекти и правни лица‐компании, кои учествуваат со дела на архитекти, државјани на Република Северна Македонија. Вон конкуренција, можат да учествуваат и странски државјани, архитекти со соодветно образование, со дела проектирани и изведени на територијата на Република Северна Македонија, соопшти ААМ.
Рокот за пријавување на трудовите е до 07.06.2023 година. Сите заинтересирани за учество кои ги исполнуваат критериумите, може да добијат пријавен лист и упатство за подготовка на пријавата по електронска пошта: [email protected] или на www.facebook.com/arhitekti.mk.
Повеќе информации за повикот, процедурите и начинот на селекција на трудови, може да се најдат на: www.facebook.com/arhitekti.mk