Отворен ден на Армијата по повод годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75 години од основањето на Алијансата

арм-арм-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден на Армијата, организиран по повод четиригодишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.


На отворениот ден ќе присуствуваат и министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин.

Граѓаните на Скопје ќе можат да го посетат Отворениот ден на кој покрај изложените воени средства, возила и опрема, ќе може да проследат и показни вежби од припадниците на баталјонот за специјални сили, алпинистички вештини на ренџерите, вежба со армиски кучиња, како и музичка  изведба од страна на Воениот оркестар.

Армиските припадници ќе ги запознаат граѓаните со техничките карактеристики на дел од вооружувањето и опремата на пешадиските единици, единицата за АБХО, воената полиција, специјалните единици, единиците за врски, инженериските единици и повеќе видови на воени возила.

Меѓу изложените ќе бидат и најновите JLTV оклопни возила, Кобра, армиски хеликоптер МИ/17 и машина –робот за пронаоѓање експлозивни направи.

На посебни штандови, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе ги претстави своите програми и можностите за студирање на Академијата, ќе бидат претставени професијата воен пилот и можностите за прием во Армијата како професионални војници, а граѓаните ќе можат да земат примерок од магазинот на Министерството за одбрана, „Штит“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK